X
 05.08.2021 Спорт

Кои земји досега освоија најмногу медали на Олимпијадата?

По 13 дена од почетокот на Олимписките игри во Токио, Кинезите се најуспешни кога станува збор за бројот на освоени медали. Досега, вкупно 85 држави освоиле медали.

Натпреварувачите од Кина освоиле 32 златни медали, 22 сребрени медали и 16 бронзени медали. Следуваат спортистите од САД, кои се закитиле со вкупно 25 златни медали, 31 сребрен и 23 бронзени медали. Јапонците имаат 21 златен медал, 7 сребрени и 12 бронзени медали.



Од земјите од нашиот регион најуспешна е Хрватска со 3 златни медали, 3 сребрени и 2 бронзени. Следува Словенија со 2 златни медали, 1 сребрен медал и 1 бронзен медал, па Косово со 2 златни медали.

Србија има 1 златен медал, 1 сребрен медал и 4 бронзени медали, а Македонија има 1 сребрен медал.

Нашиот Дејан Георгиевски освои сребрен медал во таеквондо. Ова е втор медал за Македонија по осамостојувањето, по бронзата на Могамед Ибрагимов во борење на ЛОИ во Сиднеј, во 2000 година.

Извор: Klix

Насловна фотографија: Freepik

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт