X
 05.07.2019 Образование

44 медали за учениците на „Јахја Кемал“ на натпревар во Кембриџ

Со вкупно 44 медали, од кои 14 златни, 11 сребрени, 19 бронзени и една пофалница се вратија учениците од ПСУ „Јахја Кемал“ од меѓународниот натпревар „OWLYPIA-The Intellectuals' Challenge“ што се одржа во Фицвилијам колеџ во Кембриџ, Англија. Под менторство на професорот Реџаи Генчели ова училиште го претставија 14 учесници. Во глобалниот дел од меѓународниот натпревар учествуваа ученици од повеќе од 20 земји.



Целта на натпреварот е да се стимулира интелектуалната љубопитност кај младите и да се подобрат нивните академски вештини. Темата на натпреварот годинава е „Креативност над границите“. Учениците избираат една или повеќе теми од предметите на општествените науки, уметноста и музиката, литературата и културата, науката и технологијата, економијата и бизнисот и се подготвуваат за конкуренција со користење на ресурсите споменати од таа тема.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование