Сојузот на математичари на Македонија објави дека четворица македонски математичари постигнаа огромен успех на ЈБМО 2022.
Дамјан Давков освои златен медал со максимален број бодови, Леонид Тодороски освои сребрен медал, а Димитар Фидановски и Марко Митевски освоија бронзен медал.
На ЈБМО2022 учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева, соопштуваат од Сојузот на математичари.
Фотографии: smm.org.mk