X
 05.09.2020 Култура

„Кум 3“ се враќа во кината со сосема поинаков крај

„Кум 3“ се враќа во киносалите. „Парамаунт пикчрс“ работи на нова верзија на последниот дел од трилогијата на Френсис Форд Копола, изјавиле од студиото.

Филмот, кој дебитира во 1990 година, повторно ќе биде прикажуван во киносалите во декември со нов наслов - „Финалето на 'Кум' на Марио Пузо: смртта на Мајкл Корлеоне“ со оригиналниот крај што го планирале авторот на книгата по која е снимен филмот, Марио Пузо, и Копола.


Копола изјавува во соопштение за јавноста дека создал нов почеток и крај и сменил некои сцени во новата верзија од финалето. Според него, новата верзија претставува посоодветен крај за „Кум1“ и „Кум 2“.

„Кум 3“ беше објавен пред 16 години. Ал Пачино го играше главниот лик - Мајкл Корлеоне, а во филмот глумеа и Дајен Китон, Талија Шајр и ќерката на Копола, Софија. Филмот беше номиниран за седум „Оскари“, меѓу кои и за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар актер во споредна улога за Енди Гарсија. Критичарите го критикуваа филмот и покрај номинациите.

Автор: Алексија Фернандез
Извор: people.com
Фото: YouTube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура