Пред неколку години излезе веста дека ремек-делото на Михаил Булгаков - „Мајсторот и Маргарита“ ќе стане долгометражен филм на Светлана Мигунова-Дали и Грејс Лох. Сега, најновите информации потврдуваат дека Баз Лурман ќе биде продуцентот, а можеби и режисер.
Дали визијата на Лурман ќе биде повеќе како „Ромео и Јулија“ или повеќе како „Големиот Гетсби“? Во секој случај, сигурни сме дека ќе биде огромен спектакл.
- Имав неверојатна врска со приказната од „Мајсторот и Маргарита“ и одамна ги барав правата за оваа извонредна книга - изјави Лурман.
- Воодушевен сум што конечно имам можност да создадам интерпретација на ова важно дело - додаде тој.
Сè уште не е познато кој ќе биде дел од филмската екипа.
Доколку сè уште се двоумите дали треба да го прочитате романот или не, ова е добра
причина зошто треба да го направите тоа.