X
 03.07.2019 Култура

Во членството на Академијата за филмски уметности ќе има 50 отсто жени и 20 отсто малцинства

Академијата за филмски уметности и науки од Америка, која ја доделува престижната награда „Оскар“ и редовно е критикувана бидејќи има премногу мажи и белци, објави список од 842 имиња повикани да ѝ се придружат на таа културна институција, во која ќе има 50 отсто жени и 20 отсто луѓе од малцинства.

Меѓу новите членови се наоѓаат Лејди Гага, Жан-Луј Трентињан и Жозијан Баласко. Ова е првпат во историјата на Академијата да се регрутираат 50 отсто жени. Минатата година имало 49 отсто.

На списокот се наоѓа и Стерлинг К. Браун, Винстон Џук и Летисија Рајт. Се очекува сите кандидати од списокот да го прифатат членството.

Академијата во последните години е критикувана поради елитизам и недостиг на расна и етничка разновидност. Оваа културна институција оттогаш воведе новости и промени, меѓу кои поместување на датумот за доделување Оскар, како и скратување на церемонијата за која многумина сметаа дека трае многу долго.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура