Пешаците во Литванија кои зависат од телефоните, во иднина ќе мораат да водат сметка дали ќе шетаат по улица со мобилниот в рака бидејќи по новоусвоените одредби, ги очекуваат казни со кои оваа балтичка земја се обидува да ги спречи несреќите во сообраќајот.
Забраната ќе почне да важи од следниот месец, а предвидената казна за разговор на мобилен на улица е 40 евра.
-Пешаците не смеат да користат мобилен телефон пред да зачекорат на улица или додека ја преминуваат - истакна министерот за транспорт, Рокас Масиулис, на состанокот на литванската влада.
Слична мерка минатата година беше воведена и во Хонолулу, иако управата на главниот град на Хаваи забрани само гледање во мобилниот телефон додека се преминува улица, но не и телефонски разговори.
Минатата година во Литванија загинале 68 пешаци, кои на улица биле усмртени од автомобили или мотори.
Според најновите официјални податоци, според смртност на пешаци меѓу семјите-членки на ЕУ, Литванија е на третото место, веднаш по Романија и
Летонија.