X
 19.07.2016 Технологија

Го полните ли својот телефон на погрешниот начин?

Батериите на паметните телефони некогаш можат да бидат толку лоши што едвај го издржуваат денот. Но не станува збор за лоша технологија, туку како ние делуваме бидејќи можеби цело време ги полниме на погрешен начин.


Истражувањето од страна на фирмата „Кадекс“ која произведува батерии, покажало дека нашите паметни телефони се чувствителни на „стресови“ кои сопствениците им ги приредуваат за време на полнењето. Една од лошите работи е полнењето во текот на целата ноќ. Откако батеријата се наполни 100%, останува уште приклучена на полначот и се наоѓа под „висок стрес“.

Всушност уште подобро е доколку го исклучите полначот иако батеријата не е наполнета 100%. Исто така тие советуваат да ги полните своите паметни телефони кога можете бидејќи таа животниот век на батеријата ќе биде подолг. Имајте навика да го полните постепено, не само кога батеријата ќе се испразни целосно.

И уште еден совет: Топлината и штети на батеријата. Затоа внимавајте на вашиот телефон од било кој извор на топлина. Исто така, додека се полни, важно е да се извади маската на телефонот за да може да се ослободува топлината.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија