X
 05.11.2016 Култура

Дејв Бари: „Најдеструктивната сила во целиот универзум е озборувањето“

Дејв Бари е американски автор и колумнист, како и победник на Пулицеровата награда. Тој исто така е познат по неговите интересни цитати за работи кои ги научил низ годините.

Ова се некои од неговите бисери на мудроста.

1. Ако треба да откриете во еден збор зошто човечката раса никогаш не успеало и никогаш нема да успее да го искористи нејзиниот целосен потенцијал, тој збор би бил „состаноци“.

2. Тенка е линијата помеѓу „хоби“ и „ментална болест“.

3. Луѓето кои сакаат да ги споделуваат нивните религиозни гледни точки скоро никогаш не сакаат вие да ги споделите вашите со нив.

4. Никогаш не ја мешајте вашата кариера со вашиот живот.

5. Никој не се грижи ако не танцувате добро. Едноставно станете и танцувајте.

6. Никогаш не лижете остар нож.

7. Најдеструктивната сила во целиот универзум е озборувањето.

8. Постои време кога треба да престанете да очекувате другите луѓе да мислат дека вашиот роденден е нешто големо. Тоа време е 11 години.

9. Единственото нешто кое ги обединува сите луѓе, без разлика на возраста, полот, религијата, економскиот статус и етничката позадина, е тоа што длабоко во нас веруваме дека ние сме натпросечни возачи.

10. Личноста која е фина со вас но некултурна со келнерот не е добра личност.

11. Вашите пријатели ве сакаат безусловно.

12. Никогаш не се плашете да пробате нешто ново. Запомнете дека осамениот аматер ја изградил арката. Поголема група на професионалци го изградиле Титаник.

13. Мисла на денот: мажите се кко вино. Започнуваат како грозје - оставено е на жените да ги газат се' додека не се претворат во нешто прифатливо со кое би можеле да вечерате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура