X
 16.05.2016 Живот

Студентите и професорите одбија да седат покрај Медлин Олбрајт... Зошто?

геноицд

 

Студентите и професорите од американскиот колеџ Скрипс во Клермонт протестирале против одлуката поранешната американска државна секретарка, Медлин Олбрајт, да зборува на церемонијата на доделување на дипломи, обвинувајќи ја за „воени злостроства“.


Голем број од нив во знак на протест одбиле да седат на истата бина со Олбрајт за време на церемонијата.

Професорите во факултетските весници објавиле писмо на протест во кој укажале на фактот дека Олбрајт како државна секретарка и амбасадорка на ОН ја создала интервенционистичката американска политика во голем број конфликти и поддржала политики кои довеле до страдање на милион луѓе.

Тие ја критикуваа нејзината намерна одлука да се дозволи геноцид во Руанда во 1994 година како и одлуката да се бомбардира Југославија во 1999 година.

Женскиот колеџ Скрипс има 2.000 студенти, а изјавата на Медлин Олбрајт дека „постои посебно место во пеколот за жените кои не гласаат за Хилари Клинтон“ во претседателската трка не наиден на одобрување од студентите и професорите.

Професорите најмногу беа навредени од коментарите на Олбрајт во кои таа тврдела дека смртта на повеќе од половина милион ирачки студенти „вредела“.

Во писмото професорите наведуваат дека повеќе Ирачани загинале поради 13 годишните контролирани санцкии предводени од Америка, отколку како резултат на американската инвазија во 2003 година и последователната окупација на Ирак.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот