Во светот постојат четири бои на пасоши, а за секоја боја постои објаснување.
Црвена
Црвената е најчеста боја за пасош, а главно ја избираат земјите што биле комунистички или сè уште се, како Словенија, Кина, Русија, Летонија, Романија, Полска, Грузија. Исто така, црвена боја имаат пасошите на речиси сите земји-членки на Европската Унија, освен Хрватска.
Во државите што сакаат да станат дел од ЕУ веќе неколку години пасошите имаат црвена боја, а тоа е случај со Северна Македонија, Турција и Албанија.
Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу се членки на Андиската заедница на нациите, и тие исто така имаат пасоши со темноцрвена боја.
Фото: Getty Images
Сина
Сина боја го претставува „новиот свет“, на кој припаѓаат 15 карипски држави. Сината боја на пасош ја користат и членовите на трговската унија Меркосур. Од членките на оваа унија единствено жителите на Венецуела сè уште имаат црвени пасоши. Граѓаните на САД користат сини пасоши од 1976 година.
Зелена
Зелените пасоши ги користат нациите од речиси сите земји каде што исламот е доминантна религија, бидејќи се смета дека зелената му била омилена боја на пророкот Мухамед. Зелен пасош имаат и државите од Економската заедница на држави на Западна Африка: Буркина Фасо, Нигерија, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал.
Црна
Црна боја користат само неколку земји. Од африканските земји тоа се Боцвана, Замбијам Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго и Малави, а освен нив црн
пасош имаат и жителите на Нов Зеланд бидејќи на оваа држава црната ѝ е национална боја.