X
 26.10.2017 Живот

Збогум на печатите во пасошите!

pasos

Европскиот парламент усвои нова мерка за укинување на ставањето печати во пасошите. Европскиот парламент изгласа воспоставување на систем за регистрација на податоците за влез и излез на државјаните од трети земји кои ги минуваат надворешните граници на ЕУ, а кои од 2020 година ќе предизвикаат значајни промени во пристапот до шенгенскиот простор.

„Новите мерки нема да го отежнат животот на граѓаните на Западен Балкан. Напротив, би требало да го олеснат преминувањето на границите. Целта е токму да се патува побрзо. Истовремено, да се придонесе и во борбата против тероризмот. Целиот систем го нарекуваме `паметни граници`“ – потенцираше известувачот за модернизација на границите -Тања Фајон.

Се предвидува усогласена и единствена европска електронска контрола на документите при влез во ЕУ, со која ќе се проверуваат податоците од пасошите, но и дозволеното време за престој во шенгенскиот простор.

Новиот автоматизиран систем ќе собира биометриски податоци и „ќе ги препознава“ граѓаните при следните патувања. Европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и граѓанство - Димитрис Аврамопулос истакна дека целта на овие мерки е да се намали можноста за измами, кражба на документи и идентитети.

Тања Фајон вели дека во преговорите кои ЕП сега ќе ги води со Европскиот совет околу другиот систем наречен ЕТИАС, за кој се пишуваше минатите денови, ќе настојува сите кои немаат набавено претходна авторизација за влез ќе можат да ја добијат на посебен шалтер на граница.  Таа истакна дека сè уште не е прецизирана крајната цена за овој документ, па на крајот може да се случи да биде и пониска од сега предвидените 10 евра.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот