Овен Рајзер, студент по биологија на Универзитетот на Јужен Илиноис во Едвардсвил, направил видео од растењето на повеќе видови печурки спојувајќи фотографии од печурките направени со својот фотоапарат.
Тој ги фотографирал печурките во посебна кутија што ја направил самиот, а фотографирањето траело 2-5 дена. Рајзер правел фотографија на секои 8 минути за печурките што растат брзо и 16 минути за оние што растат побавно. Направил вкупно 10.000 фотографии од печурките.
Резултатот е видео од приближно една и пол минута достапно во продолжение.
Автор: Корин Вецел
Извор:
smithsonianmag.com
Фото: Screenshot/Youtube