При дискусиите за античките цивилизации често се поставува прашањето за јазикот и писмото што ги користеле народите. А кога станува збор за античките јазици, речиси не постои човек кој не се запрашал како звучеле. Комплицирано прашање, на кое одговор се обиделе да дадат многу филозофи.
Како знаеме како зборувале древните народи?
Во случај на класичните јазици, како што се грчкиот, латинскиот и санскрит, постои непрекината традиција на употреба која обезбедува еден вид основа за споредба со други антички јазици, како хетитскиот или египетскиот, кои се целосно изгубени и последователно дешифрирани од современите научници.
Исто така, зачувани се одредени записи за антички писатели кои опишале како звучел нивниот мајчин јазик. Таа база на знаење потоа била надополнета со знаењето што го имаат научниците за модерната лингвистика и врз основа на тоа успеале да го реконструираат говорот на некои од тие древни и одамна заборавени јазици.
На видеото подолу може да се слушнат 14 различни антички јазици, а меѓу нив се староегипетски, латински, старогрчки, како и јазици што ги зборувале викинзите, Астеците, Маите, Келтите и други.
Фото: Screenshot/YouTube