X
 05.11.2022 Култура

Марк Твен: „Добрината е јазик што глувите го слушаат, а слепите го гледаат“

- Кажувањето на вистината е прашање на добро воспитување, а воспитувањето е измислица.

- Доброто воспитување се состои во прикривање на доброто мислење за себе и лошото мислење за другите.

- Можеме да стекнеме почит од другите луѓе со тоа што правиме нешто правилно и правиме добро. Самопочитта вреди стопати повеќе, но не секој знае како може да се стекне.

- Ниту еден вистински господин никогаш нема да ја каже голата вистина во присуство на дами.

- Прекумерната пристојност е најчесто прекрасно здание изградено од полирани и позлатени облици на дарежливи лаги.

-  Најдоброто решение се постигнува со различни мислења, а не со тоа што сите мислат исто.

- Подобро е да ја држиш устата затворена и да изгледаш глупаво отколку да ја отвориш и да ги отстраниш сите сомнежи.

- Добрината е јазик што глувите го слушаат, а слепите го гледаат.

- Кога давате пофалби, не барајте нешто за возврат.

- Платената пофалба е безвредна.

- Можам да живеам добри два месеца од добри пофалби.

- Пофалбата секогаш треба да му претходи на укорот затоа што ја ублажува лошата волја и гарантира дека укорот е прифатен без горчина.

- Многупати ме пофалуваа, а јас секогаш се срамев - секогаш се чувствував како да не кажале доволно.

- Ако постапуваме правилно само под надзор на власта, во што е тука доблеста?

- Неизговорениот збор е капитал. Можете да го инвестирате или да го потрошите.

- Шпекулацијта сама ќе се исклучи ако не ја допрете три дена. Ако започнете шпекулација која нема да ја задоволи љубопитноста на јавноста во следните три дена, некој веќе ќе започне нова шпекулација која ќе ја натера јавноста да ја заборави вашата.

- Вистинскиот збор во вистинско време може да биде делотворен, но ниту еден збор не може да биде толку делотворен како навремената пауза.

- Нечистата совест е како коса во устата.

- Ако немате што да кажете, тогаш - немојте!

- Биди добар и ќе бидеш - сам.

- Благородно е да се биде добар. Да ги научиш другите како да бидат добри не е тешко, а е уште поблагородно.

- За некои луѓе поразително е кога ќе се стекнат со слава.

- Што е амбиција? Желбата да се забележи. Желбата за слава е само желба постојано да се издвојувате од толпата и да привлекувате внимание и да ве озборуваат.

- Славата е чад, популарноста е несреќа, а единствената сигурна работа на светот е заборавот.

- Облеката го прави човекот. Голите луѓе имаат многу мало влијание во општеството.

- Етиката се стекнува - како музика, како странски јазик, како сочувство, како парализа - никој не се раѓа со неа. И јас не сум роден со тоа. Почнав сиромашен како црковен глушец - без ниту еден етички принцип.

- Самоодрекувањето и способноста се највредните човечки особини.

- Кога луѓето ќе претераат со финото однесување, тие стануваат - вулгарни.

- Љубезно ме замолија да одговорам што е можно поскоро, што и го направив. Реков дека не го знам одговорот.

- Сите се плашат од критиките и неодобрувањето на соседите. Општо земено, тоа е нешто од што сите се плашат најмногу, повеќе од тоа да се повредат и од смртта.

- Секој природен вид сам одлучува што е непристојно. Всушност, природата не познава грубост - човекот ја измислил.

- Бидете неуредни во облеката ако навистина треба, но одржувајте ја вашата душа средена.

- Полицаец во цивилна облека е како сите нас, додека во униформата вреди десет. Облеката плус титула е најмоќната и највлијателната комбинација во светот.

Таа го тера човечкиот род доброволно и спонтано да го почитува судијата, генералот, адмиралот, епископот, амбасадорот, малоумниот војвода, султанот, кралот, царот... И највозвишената титула не значи ништо ако не е придружена со соодветна облека.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура