X
 09.09.2018 Култура

Нови серии што со нетрпение ги очекуваме оваа есен

Есента го означува почетокот на сезоните кога станува збор за новите серии. Ако сте од оние кои едвај ја чекаат својата доза на гледање серии без престан, тогаш дефинитивно овој период ќе биде доста плоден.

Всушност, за оваа есен се најавени вкупно 49 сереии, а од нив, 16 се продолженија. Ова се сериите што треба да ги погледнете оваа есен:

„The First“




Сценаристот Бо Вилимон од „Куќа од карти“ се префрли во вселената. Во блиска иднина, НАСА работи со една приватна компанија на проектот за колонизација на Марс. Во серијата глуми Шон Пен, а првтата епизода ќе биде премиерно прикажана на 14 септември во продукција на „Хулу“.

„Мaniac“



Џона Хил и Ема Сотун повторно глумат заедно во серијата во режија на Кери Џорџ Фукунага. Тие глумат странци кои ја истражуваат фармацевтската индустирја што треба да лансира таблета за лекување на ментални болести. Првата епизода ќе биде премиерно прикажана на 21 септември, во продукција на „Нетфликс“.

„The Romanoffs“



Голем број луѓе се убедени дека баш тие се наследници на руското царско семејство во грандиозна антологија на „Амазон“. Серијата има осум епизоди, а трејлерот е изработен генијално. Првата епизода ќе биде премиерно прикажана на 12 октомври.

„L'amica geniale“




Овие денови, во Венеција се прикажани првите две епизоди од долго очекуваната „L'amica geniale“. Критиките не се најдобри, но и понатаму се надеваме дека серијата ќе биде барем делумно добра како книгите. Премиерата е во ноември, во продукција на Ејч-Би-О.

„Escape at Dannemora“




Замислете целосна спротивност на „Бегството од Шошенк“. Бен Стилер ја режира серијата која го следи бегството од затвор на двајца убијци на кои им помага омажена жена која работи во затвор, а со која и двајцата имаат секусална афера. Прилично одлична актерска екипа - Бенисио Дел Торо, Патриша Аркет и Пол Дано. Премиерата е на 15 октомври, во продукција на „Шоутајм“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура