X
 05.11.2023 Живот

Дали ќе имаме бел Божиќ? Еве што вели долгорочната прогноза

Најновите долгорочни прогнози откриваат дали оваа година ќе имаме бел Божиќ.

Подрачјето на Европа е претежно потопло во споредба со претходните години. Од друга страна, постуден тренд е присутен во САД, додека во Канада е натпросечно топло за овој период од годината. Виновникот, според научниците, е Ел Нињо, придружен со промените на источните ветрови во два појаси околу Земјата меѓу суптропските и екваторијалните области со висок притисок, во кои преовладуваат источни ветрови.

Според долгорочна прогноза на „Сивир ведр Јуроп“, токму Ел Нињо ќе ја диктира прогнозата за оваа зима. Веб-страницата користи три модели за долгорочна временска прогноза.

Дали ќе имаме бел Божиќ?

Според моменталните услови, снегот ќе падне под просекот во Европа, освен во делови од Скандинавија и алпскиот регион. Ова ја одразува доминантната западна шема, која носи повеќе влага и помалку студ од северниот дел на Атлантскиот Океан. Освен тоа, се очекува Европа да има повисоки температури од просечните во поголемиот дел од западните и централните делови на континентот.

Топлите аномалии се концентрирани во голем дел од Европа. Пониски температури ќе бидат поизразени во северните и североисточните делови на континентот.

Над Северна Америка се прогнозираат снежни врнежи, а моделите предвидуваат повеќе снежни врнежи од вообичаено во поголемиот дел од континентот.

Сепак, научниците предупредуваат - дури и ако прогнозата предвидува помалку снег, тоа не значи дека воопшто нема да го има.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот