Денес е понеделник, 16 јануари 2017 година, 16-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:53, а ќе зајде во 16:33 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 40 минути.
Денот го започнуваме со уште едно подпросечно студено утро со утрински
температури кои се пониски од просечните за овој период од годината.
Насекаде во Македонија имаме претежно облачно и студено време, а слаб
снег провејува во западните, југозападните и јужните предели од
државата.
МАКЕДОНИЈА – По неколкудневна пауза денес ни се враќаат врнежите.
Облачно време со врнежи од снег, додека во јужните и југоисточните
предели врнежите ќе бидат претежно од дожд. Се работи за врнежи со слаб
интензитет кои што нема да формираат нова снежна покривка повисока од 5
сантиметри, додека поинтензивни врнежи се очекуваат на планинските
превои и на планините каде може да наврнат и над 20 цм нов снег. Ќе дува
доумерен слаб северен и североисточен ветер. Утринските температури ќе
се движат од -8 до 2 степен, додека пак максималните дневни ќе бележат
благо опаѓање и ќе се движат од -3 до 6 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно облачно време со слаби врнежи од
снег, ветровито и студено. Слаб источен и југоисточен ветер. Утринската
температура од -4 степени, додека пак максималната до 2 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА –Во втроник и среда облачно со врнежи од дожд и снег,
во јужните и југоисточните предели само од дожд, додека пак над 400
метри надморска висина врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури
од -2 до 7 односно од -3 до 6 степени. Во четврток облачно со врнежи од
снег, врнежите од дожд и снег ќе бидат во јужните и југоисточните
предели. Температурите ќе бидат во опаѓање па дневните ќе се движат од
-4 до 5 степени. Во петок во утринските часови постудено време и појава
на слаба магла, а во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и
студено време. Утринските температури од -10 до -2 степени, додека пак
максималните дневни од -5 до 4 степени.
Weather4all.com.mk