Во сабота во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температири ќе се движат од -5 до 4 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13 односно до 22 степени. Воздушниот притисок ќе има вредност околу 1027 хектопаскали.
Во Скопје во утринските часови услови за појава на слаба магла. Во текот на денот сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна температура до 17 степени.
Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и пораст на утринските температури, а максималните дневни температури ќе се движат од 13 до 22 степени во недела, односно од 16 до 24 степени во понеделник.
Во вторник и среда Македонија и понатаму ќе биде под влијание на висок воздушен притисок, а се очекува и продор на топол воздух од југ кој ќе донесе пролетни температури. Во втроник максималните ќе се движат од 17 до 24 степени, а во среда од 18 до 25 степени.
Weather4all.com.mk