Многу студенти се соочуваат со проблеми кога мора да зборуваат јавно. Јавното говорење звучи страшно, но не мора да биде.
Добра подготовка
Подготовката е најважна, а најчесто одзема најмногу време. Кога сте подготвени, имате поголема самодоверба бидејќи знаете за што зборувате.
Самодовербата е важна
Можеби немате самодоверба и не верувате дека ќе поминете добро, но тоа не смеете да го покажете. Доколку е очигледно дека сте несигурни, сите ќе мислат дека не сте се подготвиле доволно, иако тоа не е случајот. Затоа, обидете се да се однесувате како да имате самодоверба бидејќи така ќе оставите различен впечаток.
Почнете со шега
Не е лошо доколку вклучите шега на почетокот, а доколку темата е сериозна, може да започнете со конкретен пример за да го привлечете вниманието на публиката.
Замислете дека презентирате за себе
Понекогаш е полесно да замислите дека презентирате за себе, додека сте сами во соба, наместо пред повеќе луѓе. Замислете дека се наоѓате дома и презентирате пред огледало.
Не одбегнувајте го контактот со очи со публиката
Можеби гледањето во публиката ви создава притисок, но доколку не одржувате контакт со нив, тоа е само еден минус во презентацијата. Обидете се да не гледате во ѕид, столб или нешто слично додека презентирате.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay