X
 21.04.2015 Живот

Што да исфрлите од вашето CV?

CV-то не би требало да биде подолго од две страни, а многу менаџери за вработување се сложуваат дека и тоа е премногу.

 

cv


За да се сконцентрирате на тоа што е најважно за позицијата за која се пријавувате, потребно е неколку работи да ги исфрлите. Кои се тие?

Зборот CV и датумот

Нема потреба да назначувате дека станува збор за CV. Самите работодавци на прв поглед знаат за што станува збор. Исто така, кога испраќате документ на меил, немојте да го именувате во CV, туку додајте го вашето име. Истото важи и за датумот. Воопшто не е важно кога сте го направиле CV-то.

Личните информации (освен контактот)

Во CV-то, од личните информации треба да наведите само име и презиме, адреса, меил и број на мобилен телефон. Расата, полот, сексуалната ориентација, религијата, политичките определувања или семејната ситуација спаѓаат во категоријата на приватни информации, воопшто неважни за селекција на кандидатот. Истото се однесува и за фотографијата и физичките карактеристики.

Неважно работно искуство

Немојте да ги вклучувате сите работни места на кои сте работеле. Фокусирајте се на оние кои се поврзани со работата за која се пријавувате, односно она работно искуство кое би ви дошло од помош за да го добиете посакуваното работно место.

Хоби

Освем ако станува збор за хоби поврзано со работната позиција или компанијата, а таквото хоби е навистина ретко, тогаш работодавците сигурно нема да ги интересира фактот дека се занимавате со гледање филмови, собирање на парички итн. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот