X
 27.02.2015 Образование

Еволуцијата на образовните технологии во текот на историјата

Луѓето отсекогаш барале знаење. Истиот момент кога откриваме нешто сакаме да го споделиме со останатите и да продолжиме понатаму. Уште од почетокот на историјата, луѓето се труделе да ги откријат мистериите на планетата и нашите сопствени мистерии. Секако, учењето, односно добивањето знаење се променило многу со текот на годините. Што ли не' очекува?

Се' започнало со хиероглифите, кои биле откриени во 3400 п.н.е. Потоа, Египќаните го измислиле првиот пресметувач. За него пишувале во 480 п.н.е. Првиот компјутер бил создаден уште од древни времиња за правење астрономски пресметки. Околу 700 година се појавило и перото. Ренесансниот период (14-17 век) родил нови идеи во областа на образованието.

Околу 1450 година се појавил печатачот. Се појавило и новинарството. Моливот кој го користиме и денес бил создаден првпат во 1795 година. Во 1903 година бил патентиран првиот калкулатор. Првиот компјутер со програми проработел во 1948 година.

Првата дигитална библиотека се појавила во 1971 година. Таблетите кои се популарни денес се појавиле во 1989 година, а смартфоните во 1994. „Гугл“ започнал да функционира во 1996 година. Масивните бесплатни онлајн-курсеви се појавија во 2008 година. Пред речиси две години се запознавме со преносна технологија како никоја досега - очилата на „Гугл“. Имаме и 3Д-печатачи, роботи, мозочни импланти.

Што е следно

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование