Објавени се повеќе од 2.000 документи и цртежи од страна на властите во Минхен кои датираат од времето на нацизмот. Документите детално ги прикажуваат плановите на Адолф Хитлер да изгради нова метропола во градот.
Минхен отсекогаш имал посебно место во темното срце на Хитлер. Тоа беше место кадешто ја здружил целата германска армија за да се бори во Првата светска војна и каде ја основал Нацистичката партија после крајот на Првата светска војна.
Хитлер предложил таканаречен „Град во движење“ со огромни згради и патишта чие траење би било 1.000 години.
Новообјавените документи покажуваат дека градот го очекувал огромни градежни проекти кои требало да бидат завршени до 1 август 1948 година, со нова подземна железничка станица. За станицата го здолжил неговиот главен архитект Алберт Шпер со изградба на обелсик висок 182 метри посветен на Нацистичката партија. Зградата на врвот требаше да има германски орел и нацистичкото знаме.
Хитлер дизајниран вагони долги 40 метри и возови долги 1.100 метри за да носи патници од освоените источни територии. Било планирано возовите да бидат изградени со бањи, фризерски салони, кина и против-авионско оружје на покривот.
За источните работници - селаните од руските степи - била дизајнирана попримитивна верзија.
Исто така, тој планирал да изгради купола од 280 метри која ќе биде повизока и од Базиликата на Св.Петар во Рим и од Триумфалната капија во Париз.
Новообјавените документи содржат белешки од агентите на Гестапо кои му даваат извештај дека некои нелојални Германци ги нарекуваат зградите „играчките на Хитлер“.
Хитлер, неуспешен уметник, се насочи кон Минхен како втор најголем градежен проект после Берлин. Неговата намера била да го уништи главниот град и повторно да го изгради во гигантски стил, и да го преименува во Германија.
Во плановите за Минхен бил вклучен и главен германски кралски булевар во нео-класичен стил по кој требало да има големи хотели, продавници, ресторани, најголемата оперска куќа во светот, три големи театри и концертна сала каде Вагнер и Штраус би ги изведувале нивните дела.
Исто така, бил планиран северо-источен излез низ плоштадот Опера, каде местото каде се одржува Октоберфест, би било најголемиот плоштад за парада во Германија со најголема сала за изложби во светот. Тој имал за цел да изгради уште една станица во јужниот дел на градот наречена „Силата низ радоста“.
Документите од Минхен исто така покажуваат дека проектот ангажирал 1.983 германски и странски работници, заедно со 1.507 воени затвореници. Неговиот план бил тие да работат деноноќно за да ја создадат неговата визија. Тој формирал бирократско тело кое го нарекол „посебен орган за градот во движењето“ чија задача била да ја претвори неговата визија во реалност.
Но, како што војната продолжувала и започнала да се насочува против Германија, плановите за Минхен морале да бидат стопирани. Меѓутоа, дел од планот на Хитлер се исполнил. До 1945 година американските бомбардери уништиле голем дел од зградите кои Хитлер планирал да ги демолира за да го реализира неговиот проект.