Тим од германски и египетски археолози можат да се пофалат со колосално откритие - имено, на 9 март тие открија делови од масивна статуа, стара 3.000 години, за која се верува дека е легендарниот фараон Рамзес II.
Фото извор: Mohamed Abd El Ghany/ Reuters
Деловите од статуата биле пронајдени закопани во Каиро, во сиромашниот кварт Матарија. Наодите покажуваат стара приказна за потеклото на светот, со што би можело а се открие ново поглавје за Египет.
Откриената биста е 8 метри во должина и е направена од кварцит. Горниот дел е ликот на фараонот Сети II (внук на Рамзес II),а парчињата обелиск имаат хиероглифи.
Експертите веќе започнаа со обновување на артефактите, кои подоцна ќе бидат прикажани во египетскиот музеј Гранд кои за јавноста ќе бидат отворени во 2018 година.
Рамзес II се сметал за најголемиот фараон кој владеел со египетската империја, а се верува дека светот бил создаден во Хелиополис, денешен Матарија. Ова најново ископување би можело да помогне во египетската туристичка индустрија, која претрпе многу во текот на последните 6 години поради политички немири и терористички напади.