Обновливите извори минатата година првпат го престасале јагленот како главен извор на енергија во Германија, со учество од 40 отсто во производството на електричната енергија, покажуваат резултатите од едно истражување.
Ова е значаен напредок во целите на Германија до 2030 година 65 отсто од енергијата да ги добива од обновливи извори, до 2022 година целосно да ја напушти нуклеарната енергија и да направи план за долгорочно напуштање на јагленот како извор на енергија.
Производството на електрична енергија од енергијата на сонцето, ветрот, биомасата и хидроелектраните минатата година е зголемено за 4,3 отсто на произведени 219 терават-часа (TWh), покажуваат резултатите од истражувањето на организацијата „Фраунхофер“.
Вкупното производство на електрична енергија од „зелени“ и фосилни горива минатата година во Германија изнесувало 542 TWh, додека од јаглен се добиени околу 38 отсто од
енергијата.
Уделот на „зелената“ енергија во германското производство на електрична енергија во 2017 година изнесувал 38,2 отсто, а во 2010 година само 19,1 отсто.