X
 19.07.2016 Наука

НАСА ќе праќа вселенско летало поблиску до сонцето од било кога

Наскоро ќе бидеме поблиску до сонцето отколку порано, изјави НАСА. Вселенскиот брод, кој се очекува да полета летото во 2018, ќе биде на дистанца од 6 милиони километри од површината на сонцето, седум пати поблиску од порано.


Вселенскиот брод кој е изграден во „Џон Хопкинс Лабораторија“, веќе е преместен за составање на системот, тест проба и место на полетување на проектот. Ова покажува дека се дизајнирани инструменти, летало и мисија која ќе биде голем инженерски предизвик поврзан со соларната околина.

Леталото ќе носи 4 инструменти за да го проучува магнетното поле и енергетската плазма околу сонцето. Истражувањето ќе се врши под екстремни услови, но благодарение на топлинскиот штит кој е дебел 11.5цм, ќе ги преживее високите температури од 1400 степени околу ѕвездата.

Овој проект не само што ќе постигне да биде поблиску до сонцето, туку и ќе забрзува по 200 километри во секунда, што го прави најбрзиот објект кој човекот го има изградено.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука