X
 10.09.2019 Живот

Подводна истражувачка станица исчезна без трага

Исчезна подводна истражувачка станица во близина на брегот на Германија и ги збуни научниците.

Научниците што ја набљудуваат опсерваторијата „Бокинс Ек“ забележале дека кон крајот на август веќе не им пристигнувале податоци. Кога нуркачите отишле да ја проверат опремата, виделе дека ја немало целата опсерваторија. Истражувачите од ГЕОМАР - Холмхолц центарот за океански истражувања од Кил, во чија сопственост е опсерваторијата, со соопштение ја повикаа јавноста да извести ако знае нешто за локацијата на опремата. Додека да се врати, научниците ќе мора да оперираат без, како што велат тие, бесценети податоци за условите во областа.

ОД ГЕОМАР истакнаа дека голема бура или морско животно можеби ја откинало опремата тешка стотици килограми од сидрата. Сѐ што останало на местото е искинатиот оптички кабел кој ги пренесувал податоците од опсерваторијата до научниците што работат на копното.

Сепак, злосторниците можеби се и луѓе. Сите можни објаснувања во овој момент се шпекулативни, но можно е крадците или криминалците да нурнале до опсерваторијата и да избегале со инструментите.

Како и да е, без докази за тоа што се случило (а засега има многу малку), исчезнувањето на опсерваторијата е голема мистерија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот