X
 06.02.2017 Култура

Статуата на слободата требало да биде муслимански симбол?

Статуата на слободата претставува манифестација на длабоко вкоренетата посветеност на Америка за слобода и просветлување.

Ова била една од првите структури кои мигрантите ја гледале помеѓу 1892 и 1954 година. Структурата била дизајнирана од францускиот скулптор Фредерик Огист Бартолди кој за нејзиниот изглед бил инспириран од римската божица на слободата, Либертас.

Сепак, почетоците на статуата не биле во западниот свет: нејзините корени се наоѓаат во источниот дел, поточно Египет.


Фото: Pixabay

Според „CNBC, Статуата на слободата, еден од најмоќните симболи на американската слобода го започнала животот ка муслиманка, и на почеток требало да претставува египетска селанка.

Во 1855 година Бартолди го посетил Египет за да ги проучува колосалните статуи. После неколку години неговата намера била да создаде статуа која ќе стои во Порт Саид, во северниот дел на влезот во Суецкиот Канал.

Енциклопедијата ја нарекла скицата „африкански стил на женска фигура“, а Бирото на министерството за внатрешни работи потврди на нивниот сајт дека оваа структура првично била дизајнирана да претставува облечена жена која држи факел со порака „Египет, донеси светлина во Азија“.

Според Едвард Беренсон, авторот на „Ѕtatue of Liberty: A Transatlantic Story“, концептот бил „гигантски женски фелах, арапска селанка“, кој подоцна се променил во колосална божица откако Исмаил Паша ја одбил идејата бидејќи била многу скапа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура