Пред 130 години, 200.000 луѓе излегоа на пристаништето во Њујорк за да го прослават доаѓањето на Статуата на слободата од Франција.
Како оваа колосална структура, дизајнирана од францускиот скулптор Фредерик Огист Бартхолди, изградена од Густав Ајфел успеа да стигне до Њујорк?
Всушност, овој голем споменик патуваше во делови. Првично Бартхолди планирал да статуата да биде подготвена како подарок за 100 годишниот роденден на Америка. Но, до 1876 година статуата не беше готова, па затоа тој ги испрати раката и факелот. Во 1885 година, беше испратен останатиот дел од скулптурата.
Меѓутоа напорот статуата да стигне до Њујорк беше многу потежок од самото создавање. Бидејќи никој не можеше да ја донесе во целина, таа мораше да биде транспортирана во парчиња и спакувана во 214 пакети.
„Задолжен за пратката беше 19 годишниот француски поручник Родолф Виктор де рабор. Нитуеден брод не беше доволно голем за огромните пакети“. Во текот на 72 часовна бура, поручникот останал до пакетите се` додека не беа безбедни.
Два дена после неговиот 20-ти роденден, тој успеал да стигне до Њујорк и да ја донесе статуата која претставува исконски подарок за Американците.