Една од најпрепознатливите статуи во светот е Статуата на слободата, симболот на Њујорк и САД.
Сепак, малкумина знаат чие лице било инспирација за оваа статуа.
Животот на Изабела Бојер е како возбудлив роман. Родена е во Париз, ќерка на африкански слаткар и мајка Англичанка. Изабела имала посебна убавина и на 20 години се омажила за Исак Сингер, производител на машини за шиење кој имал 50 години.
По смртта на Сингер, Изабела станала најбогатата жена во земјата. Не е чудно што таа била избрана за модел на Статуата на слободата бидејќи го отелотворувала американскиот сон.
Како вдовица, Изабела патувала низ светот и се омажила за холандскиот виолинист Виктор Робстет. Таа станала грофица и истакната личност во Америка и во Европа. На светски настан таа го запознала францускиот скулптор Фредерик Бартолди, кој бил импресиониран од нејзиниот портрет и го искористил нејзиното лице како модел за Статуата на слободата.
Изабела се омажила по трет пат и умрела во Париз во 1904 година, на 62-годишна возраст, но нејзиното лице до ден-денес живее во култната статуа во Њујорк, симболизирајќи ја слободата.
Инаку, во октомври 1886 година, во Њујорк, свечено била отворена Статуата на слободата (или „Слободата го осветлува светот“), споменик што Франција им го подари на Американците.
Постаментот бил финансиран од жителите на САД, додека самата статуа била направена во Франција и предадена на американската амбасада, а потоа расклопена на делови и испорачана во Њујорк, за конечно да се најде на островот Либерти во 1886 година.
Внатрешната конструкција на Статуата на слободата ја дизајнирал Густав Ајфел, додека скулптор бил Фредерик Бартолди. Тој ја излеал скулптурата во бакар, па Статуата на слободата имала типична бакарна боја, но многу брзо - веќе на почетокот на 20 век - поради оксидација, почнала да се шири зелена патина по статуата. Уште во 1902 година американските медиуми споменувале дека зелениот пигмент се шири по Статуата на слободата, а до 1906 година ја покрил целата статуа.
Фото: Freepik
Како била создадена Статуата на слободата?
Официјалните лица мислеле дека статуата ја менува бојата поради корозија, па затоа биле издвоени 62.800 долари за поправки и бојадисување на статуата и внатре и надвор, а американската јавност протестирала поради бојадисувањето на надворешноста. Било спроведено истражување кое заклучило дека патината никако не ѝ штети на статуата, туку ја заштитува и ја прави уште поубава, поради што била бојадисана само однатре.
Во продолжение ви нудиме неколку интересни факти за Статуата на слободата.
1. Целосното име на статуата е „Слободата го осветлува светот“.
2. Статуата на слободата била подарок од Франција за Америка во 1886 година.
3. Главата на статуата била изложена на Светската изложба во Париз во 1878 година.
4. Женската фигура ја претставува Либертас, римската божица на слободата.
5. Таа носи факел и плоча на која е испишан датумот на прогласувањето на американската независност (4 јули 1776 година).
6. Од земјата до врвот на факелот, статуата е висока 93 метри и тежи 204 тони.
7. Кога би носела чевли, „Госпоѓа Слобода“ би го носела бројот 7.801.
8. Обемот на половината ѝ е 10,6 метри.
9. Посетителите треба да искачат 354 скалила за да стигнат до круната на статуата.
10. Круната има 25 прозорци.
11. Околу четири милиони луѓе ја посетуваат статуата секоја година. За споредба, повеќе од шест милиони луѓе ја посетуваат Ајфеловата кула и 3,5 милиони Лондонското око.
12. Седумте шилци на круната ги претставуваат седумте океани и седумте континенти на светот, што укажува на универзалниот концепт на слобода.
13. За создавање на бакарната конструкција, биле употребени 300 различни чекани.
14. Оригиналниот факел на статуата бил заменет во 1984 година со нов покриен со 24-каратни златни ливчиња.
21. Иако не се видливи, близу стапалата на статутата се наоѓаат скршени окови и синџири, додека десната нога е подигната, симболизирајќи го нејзиното заминување од угнетувањето и ропството.
22. И покрај позитивното значење на статуата - американска независност и укинувањето на ропството - Афроамериканците ја гледаа статуата како иронична слика на Америка.
23. Франција и Америка заедно платиле за статуата. Во 1885 година њујоршкиот весник „Ворлд“ објавил дека од донаторите се собрани 102.000 долари, а 80 отсто од таа сума била во монети помали од еден долар.
24. Групи во Бостон и Филаделфија понудија да ги платат сите трошоци за изградба на статуата, во замена за нејзино преместување.
25. Кога дуваат ветрови со брзина поголема од 80 км/ч, статуата се поместува 8 сантиметри, додека факелот се поместува до 13 сантиметри.
26. Научниците веруваат дека Статуата на слободата е погодена од околу 600 громови секоја година.
27. Постојат повеќе копии на статуата, вклучувајќи помала верзија во Париз и една во Лас Вегас.
28. Дури во 1982 година било откриено дека главата е поставена половина метар подалеку од центарот на вратот.
29. Две слики од статуата се наоѓаат на банкнотата од 10 американски долари.
30. Во 1944 година светлата во круната наизменично се вклучувале и се гаселе „точка-точка-точка-цртичка“, што според Морзеовата азбука значи V (Victory-победа).
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik