Новите истражувања на НАСА што ги комбинира експерименталните истражувања со анализи на примероци собрани пред речиси 50 години за време на мисиите на „Аполо“ даваат важни докази дека Месечината била формирана од исти материјали како Земјата по силен судир помеѓу младата Земја и објект со големина на Марс.
Во општоприфатениот модел за формирањето на Месечината, Земјата била погодена од објект со големина на Марс, а како последица на ударот бил фрлен материјал во диск во орбитата на Земјата и се смета дека ја формирал Месечината.
Фото: NASA
Научникот Кевин Рајтер од Одделот за научни истражувања и истражување на астронаутите од вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА го моделирал составот на Месечината земајќи предвид неколку контролни фактори: нејзиниот севкупен состав и формирањето на мало метално јадро на Месечината. Тој ја споредил концентрацијата на 14 елементи пронајдени во примероците од Месечината со елементи што можат да се пронајдат на Земјата. Била пронајдена силна корелација со повеќето (9 од 14). Користејќи Месечина создадена од композициите од објектот со големина на Марс, тој открил дека овие композиции не одговараат на неговите пресметани вредности, што укажува на тоа дека Месечината не била создадена од материјал од објект со големина на Марс.
Тоа го навело да ја создаде теоријата дека Месечината всушност настанала од делови од Земјата. Но, за разлика од Земјата во која нестабилните хемиски елементи станале дел од јадрото и кората, на Месечината останале во гасна фаза. Токму тоа би можело да објасни зошто Месечината и Земјата, иако се толку блиску една до друга, се многу различни.
- Можноста дека повеќето од овие нестабилни
елементи остануваат во гасна фаза и не кондензираат во Месечината дава веродостојно објаснување за разликата меѓу Земјата и Месечината - вели тој.