Првата кинеска болница во која ќе се сместуваат заразени од коронавирусот во близина на Вухан е отворена денеска откако работници и волонтери поминаа два дена во претворање празна зграда во ургентен центар со илјада легла.
Првите пациенти заразени со коронавирусот беа пренесени во регионалниот медицински центар Дабје Маунтинс денеска во 22:30 по локално време.
Проектот бил завршен за 48 часа благодарение на заедничките напори на вработените во градежни компании, услужни претпријатија и паравоени лица.
Болницата оригинално била направена како нов разгранок на централната болница во Хунаганг и се очекуваше да биде отворена во мај.
Фото: Daily Mail
Во петокот локалните власти наредија зградата, која била изградена, но празна, да се користи само за лекување заразени од коронавирусот. Реорганизацијата на работата започна во саботата, а до понеделникот сите кревети биле наместени од волонтери, а биле инсталирани и вода, електрична енергија и интернет. Повеќе од 500 работници работеле два дена и две ноќи за да ја завршат
задачата навреме.
Но, иако оваа болница е првоотворена, таа не е единствена или прва планирана. Властите од Вухан минатата недела најавија дека за неколку дена ќе изградат болница за заразените со коронавирус. Има најмалку 4 такви капацитети што се завршени или се привршуваат. Сите се моделирани според привремен медицински центар кој беше изграден во Пекинг за седум дена во 2003 година за справување со САРС.
Фото: Daily Mail
Во Вухан се градат два специјални капацитети за лекување на 2.300 пациенти заразени со коронавирус.
Неверојатни снимки покажуваат како првата болница почнува да добива форма по само 4 дена од започнувањето на работата.
Коронавирусот досега зеде најмалку 106 животи, сите во Кина, а со вирусот се заразени повеќе од 4.500 лица од повеќе земји во светот.