X
 06.02.2022 Живот

Шведска компанија ќе дресира врани да ги чистат улиците

Шведската компанија „Корвид клининг“ ќе „вработува“ врани кои ќе ги чистат улиците на градот Седертелје од догорчиња. Дивите врани ќе бидат дресирани и наградени со храна за чистење на градот, а собраните догорчиња ќе се фрлаат во специјално дизајнирани машини.

Според Кристијан Гунтер-Хансен, основач на компанијата, методот би можел да ги намали трошоците за чистење за 75 отсто. Тој додава дека птиците нема да бидат присилувани на соработка, туку ќе бидат поттикнувани со награди за секое собрано догорче.


Фото: Pixabay

Се претпоставува дека секоја година над една милијарда догорчиња завршуваат на улиците во Шведска. Овој отпад опфаќа околу 62 отсто од вкупниот отпад на улиците. Градот Седертелје троши 20 милиони шведски круни (1,9 милион евра) за чистење на улиците.

Враните биле одбрани за програмата поради интелигенцијата. Истражувањата покажуваат дека овие птици имаат способност за расудување како седумгодишно дете и може да се тренираат за задачи. Тие лесно учат и постојат шанси да учат едни од други, а ризикот по грешка да изедат отпад е помал, според Гунтер-Хансен.

Извор: Green
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот