Наоѓањето работа во Шведска може да биде тешко за странец, а тоа е уште потешко доколку не го знаете јазикот и не сте запознаени со културата. Една од најбитните работи на кои треба да обрнете внимание при аплицирањето за работа за Шведска е вашата професионална биографија.
Што треба да има во вашата професионална биографија?
Задржете се на она што е битно. Не мора да ги набројувате сите курсеви или работни места. Вклучете ги само оние кои би биле корисни и интересни за работата за која се пријавувате. Потоа, сите информации треба да бидат напишани по хронолошки редослед со најновите најгоре.
Лични детали
Вашето име, детали за контакт и датум на раѓање.
Студирање/тренинзи
Наведете го образованието и градот во кој сте студирале и дипломата која сте ја добиле или ќе ја добиете. Наведете ги курсевите кои се битни за работното место, со тоа што најбитните треба да бидат први.
Работно искуство
Секакво работно искуство - пракси, волонтирање - треба да биде споменато. Подвлечете ги местата кои се битни за работата која ја сакате и накратко опишете ги задачите кои сте ги имале.
Други информации
Наведете ги компјутерските вештини, познавањето јазици, патувања, посебни достигнувања, награди, организации итн.
Лични интереси
Интересите и секое хоби може да биде наведено овде, како и искуствата и вештините кои не се директно поврзани со работното место.
Референци
1-2 професионални референци и можеби 1 лична референца кои може да ги потврдат вашите способности и достигнувања.
Мотивациско писмо
Кога се пријавувате за работа во Шведска, треба да испратите и мотивациско писмо со професионалната биографија. Тоа не треба да биде подолго од 2 параграфи и во него треба да објасните кој/а сте, какви искуства имате и зошто сте вистинската личност за таа работа.
Повеќето компании примаат професионална биографија и писмо на англиски, но пишувањето на истото на шведски ќе помогне. Обично, не е потребна фотографија.
Повеќе информации за начинот на пишување професионална биографија за работа во Шведска пронајдете
ОВДЕ.