Навиките за читање се разликуваат од земја до земја. Така, просечен жител на Индија чита над 10 часа неделно, што е двојно повеќе отколку просечен Американец. Омилените жанрови, исто така, се разликуваат врз основа на географската локација.
Мапа направена од веб-страницата „Студирање во Швајцарија“ покажува кои се најпопуларните литературни жанрови според региони и земји, според пребарувањата на „Гугл“.
Според трендовите на пребарувачот, американските читатели ги претпочитаат класичните книги, исто како и жителите на Нов Зеланд и Ирска.
Во Латинска Америка, хоророт и романтиката се најпопуларни жанрови. Хоророт доминира во Мексико и Аргентина, а љубовните приказни во Бразил.
Фантазијата е уште еден популарен жанр во светот, кој е на врвот во Италија, Германија и во Полска. Жителите на Индија, пак, најмногу сакаат да читаат поезија.
Извор:
Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay