X
 29.11.2019 Култура

Истражување: Половина Словенци не читаат ниту една книга годишно

Половина од возрасните Словенци не читаат ниту една книга годишно, покажа истражувањето „Книга и читатели“ претставено на Саемот на книга во Љубљана.

Шестото такво годишно истражување спроведено од тим на реномирани експерти, нарачано од државна агенција за книги, не дава причина за оптимизам бидејќи културата на читање опаѓа од година на година, според податоци за продажба во книжарниците и саемите на книгите и во народните библиотеки, објави љубљанско Дело.

Словенија станува општество што не чита, намален е бројот на оние што читаат книги на англиски јазик, но и оние што купуваат или позајмуваат книги во Словенија во библиотеките, според истражувачите што учествувале во проектот.

Бројот на луѓе што не купуваат книги се зголеми за 4 проценти од 2014 до 2015 година, така што сега е 53 проценти, а бројот на оние што купуваат книги е зголемен за 7 проценти, но само како подарок.

Бројот на луѓе што читаат најмалку една книга годишно е најмал од 1973 година откако се спроведува истражувањето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура