X
 23.04.2022 Живот

Необична велигденска традиција во Норвешка: читање криминални романи

Ние се собираме со семејството на ручек, кршиме вепсани јајца и одиме в црква за Велигден. Норвежаните во овој период читаат книги, а најпопуларни се криминалните романи.

Обичајот да се читаат таканаречени „велигденски криминални романи“ во текот на велигденските празници е стар еден век. На Велигден во 1923 г. насловната страница на норвешкиот весник „Афтенпостен“ известувала за кражба во воз во земјата.


Фото: Freepik

Впрочем, насловот бил реклама за нов криминален роман за таква кражба, но многу читатели го запомниле како факт. Книгата станала најпродавана и се смета дека ја започнала традицијата за читање криминални романи за Велигден.

Во Норвешка студените денови се нормални во март и во април, па затоа многу семејства прават зимски активности за Велигден, како изнајмување колиба и скијање, а читањето криминални романи е уште еден добар начин за поминување на слободните денови.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот