X
 06.03.2026 Препорачани огласи

Пракса во Македонски Телеком

B2B Специјалист за дигитално искуство

Во моментов бараме B2B Специјалист за дигитално искуство кој ќе биде одговорен за дефинирање и унапредување на дигиталните функционалности наменети за деловни корисници. Оваа позиција вклучува подготовка на функционални барања и критериуми за прифаќање, како и тесна соработка со Digital Product Owner-ите и останатите засегнати страни. Улогата опфаќа и грижа за континуирано подобрување на корисничките патеки, анализа на перформансите и обезбедување квалитетно и непречено дигитално искуство.

Работни задачи:

· Подготовка на дигитални функционални барања за деловни корисници со јасно дефинирани критериуми за прифаќање.
· Тесна соработка со Digital Product Owner-ите и останатите тимови со цел целосно разбирање на продуктот пред и за време на имплементацијата.
· Навремено и транспарентно информирање за евентуални отстапувања во развојот (временски или функционални), со проактивни предлози за нивно надминување.
· Тестирање и валидација на нови дигитални решенија пред нивно лансирање, како и анализа и евиденција на забележани грешки.
· Грижа за стабилно и непречено функционирање на постојните дигитални кориснички патеки.
· Спроведување редовни проверки и тестирања со цел обезбедување квалитет и континуирано подобрување.
· Имплементација и ажурирање на содржини во CMS систем.

Потребни квалификации:

· Диплома од факултет од областа на електротехника, ФИНКИ, економија или сродни области.
· Длабоко разбирање на потребите и навиките на деловните корисници со цел обезбедување врвно корисничко искуство.
· Предност е релевантно работно искуство во технички и дигитални проекти, како и работа според agile методологија.
· Предност е познавање и искуство во маркетинг, особено во доменот на дигитално корисничко искуство.
· Предност е познавање на CMS системи.
· Добро познавање на Microsoft 365 алатки.
· Напредно познавање на англиски јазик.

Што очекуваме:

· Тимски играч
· Амбициозност и желба за постојано учење
· Иновативност и способност за воочување на нови можности
· Подготвеност за учење на нови технологии
· Ориентираност кон резултати
· Аналитички вештини
· Вљубеник во технологијата

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:
· Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
· Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
· Можност за континуирано професионално усовршување и развој
· Приватно здравствено осигурување
· Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
· Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
· Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Како да аплицирате:

Аплицирајте електронски со кликнување на копчето Пријави се или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на B2B Специјалист за дигитално искуство.

Контакт информации тел. 02/3 242-694

Огласот ќе биде отворен од 02.03.2026 до 08.03.2026.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Активен до:    08.03.2026

Издвојуваме

Препорачани огласи