X
 06.04.2019 Живот

Зошто треба да купувате искуства, а не работи?

Голем број истражувања покажуваат дека на луѓето повеќе среќа им носат искуствата отколку материјалните работи. Ова може да се објасни со следните работи:

- Среќата што ја носат материјалните предмети има краток век, а доживувањата носат среќа додека ги исчекуваме, додека ги доживуваме и тогаш кога ќе се сетиме на нив.

- Искуствата нè поврзуваат со другите луѓе, а друштвентие односи се клучни за среќа.

- Доживувањата ќе ги збогатат нашите разговори со другите луѓе, а притоа повторно ќе го доживееме искуството и ќе се поврземе со другите (дури и ако тие не учествувале со нас во тие доживувања).

- Искуствата го дефинираат нашиот живот и формираат слика што ја имаме за себе или за тоа каква личност сакаме да бидеме.

- Доживувањата често се единствени во споредба со материјалните предмети.

Наместо да купите нова кошула, часовник, па дури и нов автомобил, овозможете си ги себеси овие доживувања:

- Одење во ресторан
- Карти за спортски случувања и концерти
- Патување
 Часови за стекнување нови вештини (спорт, музика, странски јазици, готвење)
- Карти за кино, театар или музеј
- Зачленете се во вежбалница или одете на јога
- Дегустација на вино

Ако сепак сакате да купите некоја материјална работа, одлучете се за предмет што ќе ви овозможи одредено искуство. Производите што ви се потребни за одредено искуство (книги, спортска опрема, музички инструменти) докажано придонесуваат за поголемо ниво на среќа и благосостојба.

Уште една одлична употреба на парите е купувањето време - веројатно нашиот највреден ресурс. Додека многу внимание се придава на економското и материјалното богатство, богатството со време е показател за лична среќа.

Парите ни овозможуваат да платиме некому да ни ги заврши задачите што најмногу ги мразиме, како на пример чистење на куќата. На тој начин можете да го промените начинот на кој го поминувате вашето време, давајќи ви слобода да се предадате на своите страсти.

Пораката е јасна - користете ги парите да избегнете работи што мразите да ги извршувате и ќе имате повеќе време да правите работи што ги сакате.

Ако навистина сакате да живеете добро, паметно потрошените пари се оние со кои купувате доживување и време, а не работи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот