X
 14.08.2022 Живот

Не избегнувајте ги емоциите: Тагата ни дава корења, додека среќата ни дава гранки

Ошо или Багван Шри Раџниш, еден од водечките духовни водачи во Индија, тврди дека не е добро да се игнорираат тажните емоции, но важно е да се запознаат што е можно подлабоко за да се разберат.

- Кога сте тажни, бидете тажни докрај. Не обидувајте се да побегнете од тоа - дозволете, соработувајте со тагата. Оставете ја тагата да се стопи во вас, станете едно со неа. Бидете тажни без отпор, без конфликт, без борба - вели Ошо.

- Исто така, кога ќе се појави среќата во вашиот живот, прифатете ја на ист начин, силно, и бидете воодушевени, живејте ја. Но, не се држете цврсто за неа, таа нема да остане таму засекогаш. Така ќе ја пропуштите. Впрочем, среќата ќе се врати - додаде тој.

Тој тврди дека тагата му дава длабочина на човекот, а среќата ни дава висина. Тагата ни дава корења, додека среќата ни дава гранки.

 - Среќата е како дрво кое оди во рајот, а тагата е како корен кој се спушта во утробата на земјата - истакна духовниот водач.

Потребни се и едното и другото, и колку повисоко се крева дрвото, толку подлабоко оди. Колку е поголемо дрвото, толку се поголеми корењата. Тоа значи рамнотежа, односно изедначени пропорции на нашата личност. Едното не постои без другото - за да расте, потребни се и среќа и тага, тоа е природен процес.

Багван Шри Раџниш, наречен Ошо или Ахарја Рајниш, живеел од 1931 до 1990 година. Тој бил влијателен индиски духовен водач.

Како млад интелектуалец, Раџниш учел од учители на различни верски традиции активни во Индија. Студирал филозофија на Универзитетот „Џабалпур“ и дипломирал во 1955 година. Таму почнал да предава во 1957 година, откако магистрирал на Универзитетот „Саугар“.
 
На 21-годишна возраст доживеал интензивно духовно будење, што го инспирирало да верува дека индивидуалното религиозно искуство е централен факт на духовниот живот и дека таквите искуства не можат да се организираат во единствен систем на верување.

Раџниш дал отказ од работата на универзитетот во 1966 година и станал гуру (духовен водич) и учител по медитација.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот