На „Тик-ток“ беше објавено видео кое покажува како изгледа животот во држава која официјално не постои.
Приднестровие е дел од територијата на Молдавија, лоциран покрај левиот брег на Днестар. Областа е претежно населена со Руси и Украинци. На молдавски јазик, овој регион се нарекува Приднестарска Молдавска Република.
Најголемиот, а воедно и главен град на оваа самопрогласена република е Тираспол, во кој живеат околу 130.000 жители.
И покрај тоа што Обединетите нации не ја признаваат оваа држава како независна, таа работи на сличен принцип како и другите непризнаени републики, како Абхазија и Јужна Осетија, кои одржуваат силни врски со Русија.
На објавеното видео на „Тик-ток“, кое досега има повеќе од 2 милиони прегледи, се гледа дека оваа држава е прилично сиромашна.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/Tiktok