X
 03.01.2023 Живот

Илон Маск е првиот човек во светот што изгуби 200 милијарди долари

Како годината зад нас влијаеше врз заработувачката на милијардерите? Поточно, кој е најголемиот „губитник“, бидејќи во 2022 година имаше многу превирања. Иако 2022 година почна ветувачки, споредено со претходните две што ги обележа пандемијата, набрзо следуваше војната во Украина, што трајно ја наруши ситуацијата.

Деновиве „Блумберг“ пишува дека сопственикот на „Тесла“ ина „Твитер“, Илон Маск, изгубил околу 200 милијарди долари минатата година, со што стана првиот човек на планетата кој некогаш изгубил толкава сума на пари.

Според извештајот, Маск имал нето-вредност од 340 милијарди долари откако пазарната капитализација на „Тесла“ надмина 1 билион долари на крајот од минатата година. Неговото богатство сега вреди 137 милијарди долари.

Аналитичарите велат дека загубите може да се припишат на лошите перформанси на акциите на „Тесла“, кои паднаа за 65 отсто оваа година, со дополнителен пад што доаѓа во неделите по купувањето на „Твитер“ од страна на Маск.

За да помогне во покривањето на трошоците за купување на оваа платформа, Маск ги продавал акциите на „Тесла“, што водело до обвинувања од инвеститорите дека го фаворизира „Твитер“ пред „Тесла“.

Но, Маск во неколку наврати ја отфрли загриженоста за „Тесла“ тврдејќи дека „Тесла“ работи подобро од кога било.

Но, се покажа дека не е баш така бидејќи на крајот од 2022 година Маск беше симнат од тронот од страна на Бернард Арно, кој сега е најбогатиот човек на планетата.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот