Од денеска, вторник (6.04.2021 год) до вторник (20.04.2021 год), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18:30 часот, пишува на страницата на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Владата на РСМ за забрана на движење на населението во периодот од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.
Во продолжение може да ги видите последните термини на поаѓање до 20 часот.
ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ - ПОСЛЕДНИ ТЕРМИНИ ПРЕД 20 ЧАСОТ
И натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту жичницата.