Законите дејствуваат како посредник меѓу општеставата, владата и безбедносните мерки. На пример, тие им кажуваат на луѓето што е, а што не е општествено прифатливо, и кое е безбедносно однесување на патиштата и автопатите.
Додека повеќето сообраќајни прописи служат за заштита на возачите, сепак државата понекогаш се занесува со законите.
На пример, кога се разгледуваат законите во сообраќајот на глобално ниво, можете да пронајдете некои од најбизарните сообраќајни закони кои се практикуваат во светот. Во Калифорнија, нелегално е да управувате со возило додека носите бањарка, а во Русија ќе добиете казна доколку на улица го оставите автомобилот валкан. Во Кипар, не само што е нелегално да пиете алкохол позади воланот, туку е нелегално да се пие течност додека управувате со возилото, вклучувајќи ја и водата. Изгледа Кипар не сака на возачите да им се одвлече вниманието.
Како и да е, иако сообраќајните закони промовираат безбедност на патиштата, секој може да се согласи дека на моменти се досадни. Ви нудиме листа на најапсурдни и досадни сообраќајни закони кои се практикуваат низ целиот свет.