X
 06.04.2023 Живот

Италија покрена истрага против „Мета“

Италијанскиот регулатор за пазарна конкуренција соопшти дека покренал истрага против сопственикот на „Фејсбук“, „Мета“, тврдејќи дека ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот во преговорите со друштвата на уметниците за исплата на хонорари за објавување на нивните дела.

Италијанското друштво СИАЕ претставува актери, танчари и други уметници и преговараше за лиценца со „Мета“ за користење на нивните авторски дела на платформи како „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Платформите на „Мета“ преговараат со компаниите кои ги застапуваат уметниците за условите за објавување на нивните дела и за плаќање на хонорарите.

Договорот меѓу „Мета“ и СИАЕ истече во јануари, а преговорите за негово продолжување заглавија. На крајот од март „Мета“ ја забрани музиката на уметниците претставени од компанијата на своите платформи. Музиката на членовите на италијанското друштво повеќе не е достапна ниту во постарите објави.

Според гледиштето на регулаторот, „Мета“ ја искористила економската зависност на СИАЕ и ѝ наштетила на нејзината конкурентност. Надлежните забележуваат дека „Мета“ ги спречила музичарите на СИАЕ да ги промовираат своите дела на други социјални мрежи.

- Американската компанија е подготвена да соработува со италијанските власти - изјави вчера портпаролот на „Мета“, додавајќи дека сака да постигне договор што ќе им одговара на двете страни.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот