X
 19.11.2019 Економија

Антикорупциска истрага остави половина милион Алжирци без работа

Околу половина милион луѓе во Алжир ги загубија своите работни места поради затворање на приватни фирми поврзани со корупција.

Претседателот на Алжирскиот форум на бизнисмени, Сами Акили, потврди дека луѓето биле отпуштени бидејќи некои приватни компании се затворени по истрагата за корупција. Тој додаде дека секторите за наводнување и градежништво се најпогодени.

Според Акили, 70 проценти од фирмите во тие сектори се затвораат и „владата не нуди решение за ова“.

 - Напротив, средствата на компаниите со финансиски тешкотии се замрзнати - додаде тој.

Протестите против претседателскиот план да се кандидира за петти мандат траеја неколку месеци, поради што 82-годишниот Абделазиз Бутефлика ги одложи изборите закажани за 18 април и ја повлече кандидатурата.

Бутефлика е претседател од 1999 година.

Некои Алжирци ја поддржуваат антикорупциската истрага, додека други се спротивставуваат на тоа затоа што веруваат дека истрагата нема никаква врска со корупцијата, туку со Бутефлика.

Покрената е истрага и против братот на поранешниот премиер Саид Бутефлика, поранешни премиери, бизнисмени, високи функционери, шефови на разузнавање. Распишани се потерници за нивно апсење.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија