X
 06.04.2023 Економија

Јужна Кореја ќе плаќа надомест од 770 долари за новороденче

Стапката на наталитет во Јужна Кореја опаѓа. Таа падна на 0,78 минатата година од 0,81 во 2021 година. Доколку трендот продолжи, населението на Јужна Кореја ќе се намали за половина до крајот на векот.

Ситуацијата го поттикнала претседателот Јун Сук Јеол да предложи нови мерки со кои ќе ги поттикне жителите да имаат деца. На крајот од март претседателот најавил дека Владата ќе доделува двојно поголем надомест за новороденчиња.

Надоместот сега е зголемен на околу 460 долари месечно од 230 долари, а во 2024, тој ќе изнесува околу 770 долари месечно. Овој надомест се плаќа во период од една година по раѓањето. Просечната месечна плата во Јужна Кореја изнесува околу 3.400 долари.

Освен зголемениот надомест, се размислува и за планови за помош на новите брачни парови со сместување, намалување на трошоците за здравствено осигурување за мали деца и други мерки.

Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија