X
 11.11.2018 Живот

Нателитетот во значаен пад во половина земји во светот

Бројот на деца што се раѓаат на глобално ниво е во опаѓање, велат истражувачите. Во нивниот извештај пишува дека половина од земјите во светот се раѓаат помалку деца, со што се намалува популацијата, а истражувачите велат дека овие наоди се огромно изненадување.

Тие предупредуваат дека општествата во кои има повеќе баби и дедовци отколку деца ќе ги почувствуваат последиците.

majka
Фото: Getty Images


Колкаво опаѓање е забележано?


Истражувањето ги следело трендовите на сите земји во светот од 1950 до 2017 година. Во 50-тите, жените раѓале во просек 4.7 деца во текот на својот живот. Минатата година, стапката на раѓање паднала на 2.4 деца. Оваа бројка сепак ги крие големите варијации меѓу земјите.

Во Нигер, западна Африка, во просек се раѓаат 7.1 дете, а во Кипар децата раѓаат само едно дете.

Колкав треба да биде природниот прираст?


Кога просечниот број на родени деца падне под 2.1, тогаш населението ќе започне да се намалува.

На почетокот на ова истражување, во 1950 година, ниедна нација не била во оваа позиција.

-Дојдовме до момент во кој половина од змејите во светот имаат ниска стапка на раѓање деца. Ова е значајна промена. Ова е изненадување и за луѓето како што сум јас, идејата дека половина земји во светот се соочуваат со истиот проблем - вели професорот Кристофер Мари, директор на Институтот за здравствена метрика и евалуација на Универзитетот во Вашингтон.

Кои држави ќе бидат најпогодени?


Економски равиените држави во Европа, како и Америка, Јужна Кореја и Австралија имаат ниска стапка на раѓање. Тоа не значи дека бројот на жители во овие земји опаѓа, затоа што на големината на населението влијае и стапката на раѓање и умирање, како и миграцијата.

-Наскоро ќе дојдеме во ситуација во која повеќето општества ќе бидат во опаѓање - вели професор Мари.

Во половина земји во светот и понатаму се раѓаат доволно бебиња за општеството да расте. Но, како што земјите економски напредуваат, така стапката на раѓање ќе биде помала.

Зошто стапката на раѓање се намалува?


Причината за стапката на раѓање не е поради намалувањето на бројот на сперматозоиди. Станува збор за три клучни причини:

- Помалку деца умираат во детството, поради што жените раѓаат помалку деца;
- Повеќе жени имаат пристап до контрацепцијата
- Повеќе жени се школуваат и работат.

Кога ќе се разгледаат овие причини, падот на стапката на раѓање всушност е приказна за успехот.

Кои ќе бидат последиците од овој тренд?


Без миграција, повеќето земји ќе се соочат со сѐ постар и помал број на жители.

Доктор Џорџ Лисон, директор на Институтот за стареење на населението во Оксфорд, вели дека ова не е лоша работа, додека вкупното население е прилагодено на оваа голема демографска промена.

-Демографијата влијае врз секој аспект од нашите животи. Само погледнете на улица, ќе видите луѓе, куќи, сообраќај, потрошувачка - на сето тоа влијае демографијата. На нашите планови не влијае само падот на бројот на жители, туку и старосната структура што се менува - вели тој.

Тоа значи дека ќе се промени и границата на заминување во пензија.

Во извештајот стои дека земјите кои се најмногу погодени од овој тренд треба да размислат за зголемување на стапката на имигранти, што може да создаде нови проблеми или воведување на политика со која жените се охрабруваат да раѓаат повеќе деца, што најчесто не донесува резултати.

-Ќе биде тешко да се одржува општеството на глобално ниво, ако се раѓаат малку деца, а има многу луѓе преку 65 години. Размислете како ќе биде едно општество во кое има повеќе баби и дедовци од деца. Тоа е доста актуелно во Јапонија, а земјите на Запад сѐ уште не се имаат соочено со оваа ситуација, бидејќи ниската стапка на раѓање е покриена со високата стапка на миграција. Но, на глобално ниво, миграцијата не е е решение - вели професор Мари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот