X
 07.09.2018 Култура

Земја што не е заинтересирана за бебиња

Не станува збор за сцена од дистопискиот филм „Потомци“, каде што глобалното население ја губи способноста да раѓа. Ниту, пак, сцена од „Приказната на слугинката“ каде што несреќните жени се поробени поради нивната ретка плодност.

Станува збор за земја која повеќе не е заинтересирана да има бебиња.

Креаторите на политиката во Јужна Кореја се загрижени за идните економски и социјални проблеми бидејќи стапката на наталитетот во земјата се очекува да падне на најниско ниво оваа година.

Според истражување нарачано од еден јужнокорејски весник, наталитетот на земјата се очекува да падне на 0,96 оваа година. Стапката што е потребна за да се одржи стабилна популација е 2,1 на жена, за нејзина замена и замена на нејзиниот партнер.

Јужна Кореја се соочува со проблематични демографски предизвици со брзо стареење на населението. Таа сега има најниска стапка на наталитет во светот бидејќи луѓето подоцна стапуваат во брак и подоцна имаат деца поради грижите околу трошоците за живот, а жените повеќе се фокусираат на нивните кариери. Трендот е влошен и поради тешкото пронаоѓање работа и зголемувањето на цените на имотот.

Владините претставници се загрижени дека шемите за благосостојба, како што се здравството и пензиите, ќе се соочат со недостатоци поради стареењето на општеството.

2
Фото: AFP


Напорите за враќање на трендот имаат мал ефект. Помеѓу 2006 и 2018 година владата претстави иницијативи, како бесплатна грижа за деца и парична исплата за бремените жени, но тие не успеаја да ја поткренат стапката на наталитетот.

- Ова се приближува до нивоа на катастрофа. Фокусирањето само на грижата за децата нема да биде ефективно во иднина; зголемувањето на родовата еднаквост во домот и на работното место е најдоброто решение, но за тоа ќе биде потребно време - изјави Ли Бонг-Џо од Националниот универзитет во Сеул.

Во последниот годишен попис работоспособното население, на возраст од 15 до 64 години, е намалено за 116.000 во 2017 година.

koreja

Националните бројки покажаа дека породувањата во Јужна Кореја опаднаа за 12 отсто во 2017 година. Стапката на плодност - бројот на деца за кој може да се очекува жената да има во нејзиниот живот - исто така се намали на ниско ниво, 1,05.

Другите земји во регионот, особено Јапонија, доживеале депресивни стапки на фертилитет во последниве години, но Јужна Кореја има најниски стапки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура