„Њујорк тајмс“ кон крајот на минатата недела пишуваше за тоа како „Volkswagen“, „Daimler“, „BMW“ и „Bosch“ во 2014 година ја тестирале штетноста на издувните гасови од дизелските мотори врз мајмуни. Целта на истражувањето била да ја одржи тогашната репутација на дизелот, кој уште важел за еколошки прифатливо гориво. Ова е само еден во низата скандали поврзани со „Volkswagen“ и дизелските мотори, а започна со скандалот „Dieselgate“.
фотоизвор: dpa
Се утврдило дека се лажира емисијата на штетни гасови од дизелските возила на компанијата во Америка и дека нивните мотори произведуваат до 40 пати повеќе штетни гасови од дозволеното, но во текот на тестирањето користеле посебен софтвер кој го намалувал загадувањето. Во светот има вкупно 11 милиони вакви возила.
1. Што всушност се случило?
„Volkswagen“, „Daimler“ и „VW“ од 2007 година заедно финансирале студија на „ EUGT (Europäische Forschungsvereinigung für Umwelt und Gesundheit im Transportsektor)“, во која ја истражувале штетноста на дизелските гасови. Во текот на 2014 година, научниците што работеле на студијата во период од 4 часа во простории затворале десетина мајмуни, по што во просторијата пуштале дизелски гасови кои ги произведувал моделот на автомобил „New Beetle“. За да ги смират животните, во комората поставувале и телевизор на кој им пуштале цртани филмови. Автомобилот бил опремен со софтвер со кој тие мамеле на тестовите за емисиите на штетни гасови, па автомобилот всушност произведувал значително помалку издувни гасови во лабораторија во споредба со отворен пат.
2. Утврдено е дека тестирањата се вршеле и на луѓе
Германски весник открил дека истите тестови биле спроведени барем и на 25 здрави млади лица. Постојат наведувања дека пред тестирањето на мајмуните се спровеле тестирања и на луѓе, на кои им се давало да вдишат чист азот диоксид, кој е само една од состојките на штетните гасови.
3. Извршниот директор признал, па се извинил
Матија Милер рекол дека тестовите во кои мајмуните вдишувале штетни издувни гасови се „неетички и одбивни“, па се извинил за постапката за спроведување на студијата. Тој истакнал и дека компанијата ќе преземе адекватни мерки откако точно ќе утврди што се случувало.
4. Истражувањата предизвикале паника во „EUGT“
Нивната веб-страница веднаш исчезнала, а многумина ги етикетирале како лобистичка организација од автомобилската индустрија преполна со лажни вести. Компаниите се обидуваат да се оддалечат од организацијата, со тврдења дека немале поим за тоа што се случувало таму.
5. „VW“ ќе се откаже од вакви истражувања во иднина
Откако јавноста дознала за
експериментите, од компанијата изјавиле дека веќе нема да се вршат тестови врз животни. Германскиот министер за правосудство изјавил дека е шокиран од истражувањата.